Нов предизвик за ГРК Охрид
По два порази во првите две кола ракометарите на Охрид имаат нов предизвик против уште еден претендент за едно од првите четири места во ракометната суперлига. Следен противник е Пролет, екипа која има успешен старт во плејофот и заедно со Еурофарм и Вардар се единствените непоразени екипи.
Распоредот во ракометниот плејоф диктира охриѓани да одиграат уште еден гостински натпревар против директен конкурент за едно од првите четири места во лигата. Гладијаторите ќе се обидат да го изненадат РК Пролет, екипа која два пати ја совладаа во регуларниот дел од лигата.
„Не очекува тежок натпревар против Пролет во скопје. знаеме за каква екипа се работи и дека се силни на свој терен и каде бодови тешко се освојуваат.Но секако ние со една позитивна енергија и атмосфера ќе дадеме се од себе да направиме позитивен резултат и да ја прекинеме серијата од два порази.“- вели Јагош Брауновиќ
Во зимскиот преоден рок Пролет се засили со уште двајца ракометари. голманот Јане Цветкоски и десниот бек никола Потиќ. За голманите сега најголема опасност доаѓа од бековското трио Потиќ Андоновски и Пејовиќ. Нетреба да се заборави секогаш ефикасниот Палевски како и новиот репрезентативец на Македонија Aларов.
„За секоја екипа ги анализираме играчите а за голманите важно е каков ден ќе имаат.Ние ќе дадеме се од себе повеќе да одбраниме а каков ден ќе имаме тоа е прашање.“- вели Брауновиќ.
Рецептот за победа е познат. Добра одбрана со успешна контра и полуконтра е добитна комбинација на секој натпревар за охриѓани. Тие се свесни дека сите на домашен терен очекуваат бодови па така и да загубат од Пролет ништо не е загубено. Натпреварот Пролет Охрид е закажан за во сабота во 16. 30 часот а љубителите на ракометот ќе можат да го проследат на социјалните мрежи.