Skip to main content

Жители протестираа против решение за градба на четвороспратен објект во старото градско јадро

 Сопствениците на соседните куќи  велат дека се против дволичното толкување на законот за заштита на Охрид од институциите кои издаваат одобренија за градба на моќници кои го деградираат заштитеното старо градско јадро. Бараат да се  почитуваат законските одредби и да се повлече актот  за градба на објектот.  

 |  Валентина Неловска  | 

Мирен протест одржаа граѓани од Варош против издадено решение за изградба на четвороспратен објект на местото на стара куќа на улицата Христо Узунов. Револторани сме што пред очите на домашната и светската јавност и заложбите за заштита на Охрид под Унеско, надлежните институциите продолжуваат да го кршат законот за заштита на Старото градско јадро и ДУП, вели Климент Аиноски.

На 30 метри од овој објект се наоаѓа Завод и Музеј кој треба да ги спречи ваквите објекти. Охрид пред цел свет е претставуван со посебниот изглед на калето , а во строгиот центар на калето се издава решение за градба на 4 ката.“

Мирче Ристески, сопственик на куќа во овој дел од градот, вели дека оваа агонија започнала од пред 10 тина години кога тогашните моќници издале одобренија за грдаби неместо П плус еден за П плус три и отпочнале да се кршат законските одредби од сите институции, а посебно го посочува НУ Завод и музеј. Се земаат погрешни коти со кои се менува габаритот и висината на објектот, вели Ристески. Одобрението за градба е незаконско затоа што од П плус 1, согласно ДУП се дава П плус 3 за стар објект кој кога ќе се руши треба да се изгради нов со ист габарит и висина, вели Ристески.

Ова е класичен упад и терор од надлежните институции кои треба да вршат заштита на старото градско јадро. Амбиентот ќе се наруши , ќе се оштетат и заградат сите објекти на улицата. Во став 7 од Законот за заштита на старото градско јадро стои дека приземјето ќе е на 10 до 90 цм над патот, доколку земјената подлога е на ниво на патот. Сите објекти се 6 м под патот, а над улицата ретко која куќа излегува над пат.“

Жителите бараат да се запре изградбата на штетниот градежен објект. Со оваа барање се обратиле до Министертсвото за транспорт и врски, Управата за заштита на културното наследство, Завод и Музеј и Државниот инспекторат за градежништво, информира Наум Аиноски.

„Од Министерството за култура добивме одговор да се повлечат издадените акти за градежни активности на објектот. Бараме доследно почитување на одредбите од Законот за Охрид и недволично толкување од институциите за условите за градба на објекти и инфраструктрни системи во старото градско јадро. Еднаш засекогаш да се престане моќници со пари да се изживуваат врз Охрид. “

Месните  жители се револтирани  на институциите кои се селективни кон граѓаните при толкувањето на примената на законските прописи.

Додека некои може да градат 4 спрата јас не можам да ја поправам гаражата. Велат, во заштитено старо градско јадро Варош не смее да се градат гаражи и мојот објект се руши“.

„Овде не треба да се прави вака. Имам лошо искуство, до мене се градеше, ми се ископаа темелите сега овде ако се копа уште толку ќе ми се разниша куќата. Тие што имаат пари може да прават што сакаат, а ние што немаме, една цигла не може да ставиме“.

Жителите од улицата Христо Узунов стравуваат дека незаконската градба на четворокатницата може да предизвика и појава на свлечиште, оштетување на патот од тешката градежна механизација и на нарушување на статиката на околните куќи.

ТВМ Телевизија побара став од НУ Завод и Музеј дали ќе ги повлечат конзерваторските основи и  како ќе постапат во овој случај? Со писмен допис информираат „ги известиле сите надлежни органи за постапување по предметот согласно Законот и законската регулатива. Доколку од страна на Управата за заштита на културното наследство  од  Скопје од нив  побараат да се изготват нови заштитни конзерваторски  услови тие тоа ќе го направат  по претходно поништување на издадените акти“.