Skip to main content

Охридската касарна ќе ја добие локалната самоуправа

Охридската локална самоуправа ја поздравува намерата касарната да им биде препуштена  на  користење од страна на Министерството за одбрана.

 |  Валентина Нелоска  | 
kasarna
касарна
Охридската локална самоуправа ја поздравува намерата касарната да им биде препуштена  на  користење од страна на Министерството за одбрана.

Ова беше заложба на локалната самоуправа веќе подолго време вели портпаролот на локалната самоуправа, Никола Манески. Очекуваме до крај на годината да се завршат сите формалности со стопанисувањето на објектот и општината  има намера да се пренамени за сместување на Универзитетот  и студенскиот кампус бидејќи инфраструктурата одговара и ќе треба само мала преадаптација вели Манески. Со  тоа ќе се стави крај на меѓусебното натегање каде да биде сместен и Информатичкиот Универзитет кој Владата планира да го отвори во Охрид, од оваа есен.

„Со овој гест се затоплуваат односите помеѓу централната власт и локалната самоуправа. Се покажува дека нема спорови и нерешиви прашања во интерес на граѓаните“, кажува Манески.

{loadposition content9}