Воспоставување на еколошки мрежи и еколошки коридори, за зачувување на природните живеалишта и биолошката разновидност
Стартува имплементацијата на проектната активност „Два пилот коридори од предложените во Националната еколошка мрежа (МАК – НЕН), избрани за унапредување и тестирање на специфични мерки, кои вклучуваат локални засегнати страни, за управување и реставрација на шуми со високи природни вредности и други живеалишта“.
Стартува имплементацијата на проектната активност „Два пилот коридори од предложените во Националната еколошка мрежа (МАК – НЕН), избрани за унапредување и тестирање на специфични мерки, кои вклучуваат локални засегнати страни, за управување и реставрација на шуми со високи природни вредности и други живеалишта“.
Eден од најважните столбови за воспоставување на зелена инфраструктура и еколошки коридори е Европскиот Зелен договор, кој Република Северна Македонија, како земја кандидат за членство во Европската Унија треба да го имплементира заедно со Европската Стратегија за биолошка разновидност до 2030 и еколошката мрежа Натура 2000.
Човековите активности како што се урбанизација, интензивно шумарство земјоделство, производство на енергија од водни ресурси, транспорт, туризам, инфраструктурна поврзаност и слично вршат голем притисок врз природата и предизвикуваат фрагментација на природните живеалишта, што претставува голема закана за биолошката разновидност.
Воспоставувањето на еколошки мрежи и еколошки коридори, како нов модел и инструмент на зачувување на природните живеалишта и биолошката разновидност, се смета за една од најефикасните мерки за нивна заштита, истовремено овозможувајќи одржливо користење на природата и развој на државата.
Активноста се реализира во рамки ГЕФ/УНЕП проектот: “Постигнување заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитени подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето” (СТАР 5), Компонента 2 – Зголемување на ефикасноста на управувањето со биолошката разновидност, а се имплементира од консултантската фирма Деконс ЕМА – Скопје, а краен корисник на резултатите е Министерството за животна средина и просторно планирање.