Во Охрид почна вакцинацијата со „АстраЗенека“
Започна имунизацијата против ковид 19 со вакцината на „АстраЗенека“ за охриѓани над 77 години со хронични болести. Првата вакцина против ковид 19 ја прими жена на возраст од 79 години. Првиот ден на имунизацијата протече во најдобар ред без проблеми и застој во закажаните термини.
Започна имунизацијата против Ковид 19 на охриѓани на возраст над 77 години со хронични болести во 8 часот утрово. Првата вакцина на „АстраЗенека“ ја прими жена на возраст од 79 години. Пациентите кои закажале имунизација преку системот Мој термин доаѓаа на закажаното време во Службата за превентивна здравствена заштита на деца и младинци при Здравствен дом. Очекуваат се да помине во најдобар ред, а при тоа немаа трема.
Вакцинацијата тече без проблеми според сите безбедносни протоколи и препораки од ресорното министерство, напоменува доктор Соња Мариноска, раководител на Службата за здравствена заштита на деца и младинци.
„Досега се вакцинираа сите што се на мој тремин од 8 часот на секој 10 минути. Во претпладневните часови имаме вакцинирано 15 тина пациенти без проблеми и застој. Пациентите ја пополнуваат согласноста, ги прегледува доктор, примаат вакцина и се под опсервација од 15 до 30 мин во зависност од нивната здравствена состојба.“
За охридскиот Здравствен дом од ресорното министерство се распределени првите 800 вакцини од „АстраЗенека“, напоменува д-р Ајсел Зејноска, директор на ЗД „Маларична Охрид.
„Се оди беспрекорно вакц“инацијата тече по закажување на термини со системот Мој термин. Охрид доби 70 термини дневно во текот на денот и се се одвива непречено“.
Доктор Сузана Махоска, матичен лекар по општа пракса, од амбулантата Воска, вели дека нејзините пациенти покажале интерес за да се имунизираат против Ковид 19 со вакцината „АстраЗенека“. На барање на пациентите закажала 30 термини кои ги добиле вчера преку системот Мој термин и термините се веќе пополнети.
„Излегоа нови термини за од денес до 6 април . Непречено ќе тече вакцинацијата, а после ќе продолжи со оглед на тоа дека е ограничен првиот број на вакцини со кои прво ќе се вакцинира повозрасното население над 77 години. Направивме термини прво за пациентите над 77 со хронични болести после ќе следува и за помладата популација“.
Имунизацијата со вакцините на „АстраЗенека“ ќе се одвива во Службата за здравствена заштита на деца и млади во кругот на Општа болница Охри, во две смени од 8 до 20 часот од понеделник до петок.