Дигитализација на културното наследство
Културното наследство веќе не се истражува само теренски, туку сè повеќе се применуваат нови технологии за истражувања и документирање, како и за презентирање на археолошките локалитети и откритијата, со што тие и се достапни на пошироката јавност.

Професионалците во земјава преку вебинар, организиран од Националниот комитет на ИКОМОС, споделија искуства за дигитални техники кои ги користат во работата. Зборуваа за фотограметрија (IBM – Image-based-modeling) која се користи за изработка на едукативни алатки за презентација и интерпретација на археолошкото наследство преку употреба на ВР-технологија (virtual reality) и мобилни апликации, за изработката на првата виртуелна тура за археолошки локалитет кај нас, како и за 3Д-моделирање на археолошки предмети – ласерско и со анимација.
На вебинарот беа презентирани и конкретни локалитети кои се истражуваат мултидисциплинарно, како што е неолитската населба Врбјанска Чука во Пелагонија (помеѓу Прилеп и Крушево), за која излагање имаше Гоце Наумов, доцент на Штипскиот универзитет и претседател на Центарот за истражување на предисторијата. Вебинарот го организираше работна група на професионалци во подем во Националниот комитет на ИКОМОС (Меѓународен совет за споменици и локалитети).