Skip to main content

ДА ГО ПОБЕДИМЕ COVID-19, ДАРУВАЈ ПЛАЗМА СПАСИ ЖИВОТ!

Црвен крст Охрид упатува апел за крводарување до сите кои ја извојуваа битката со COVID-19 да им помогнат на оние кои во моментов се борат со вирусот за својот живот. Луѓето кои се излекувани од COVID-19 инфекцијата, во нивната крв имаат супстанци наречени антитела кои се способни да се борат со вирусот затоа нивната плазма е драгоцена во борбата со истиот.

 |   | 

Црвен крст Охрид упатува апел за крводарување до сите кои ја извојуваа битката со COVID-19 да им помогнат на оние кои во моментов се борат со вирусот за својот живот. 8Луѓето кои се излекувани од COVID-19 инфекцијата, во нивната крв имаат супстанци наречени антитела кои се способни да се борат со вирусот затоа нивната плазма е драгоцена во борбата со истиот.

Кој може да дарува конвалесцентна крвна плазма?

Лица оздравени од инфекција COVID-19 кои ги исполнуваат стандарните услови за дарување (да немаат акутна или хронична болест, да се на возраст од 18 до 65 години, телесна тежина над 55 килограми) и дополнителните критериуми:

– да имаат документиран лабораторски доказ дека биле болни од COVID-19

– позитивен PCR тест или позитивен тест за антитела

– да се поминати најмалку 28 дена од последен симтом (или повеќе во зависност од клиничката слика)

Пред дарувањето се прават потребните испитувања а самиот чин на дарување крв е вообичаен и безбеден према сите протоколи и мерки за заштита. Крводарителите да се обратат во Службата за трансфузиона медицина во Охрид.