Хотам воведува попусти на туристичките аранжмани за српски туристи
Иницијативата е прифатена од сите членки на Хотам. Овој гест е во знак на благодарност за бесплатната вакцинација од страна на Србија која ја овозможи за Македонската стопанска комора меѓу кои и за Независната угостителска комора.
Во престојната летна сезона Хотам најавува попусти на туристичките аранжмани за Српските туристи кои ќе летуваат на нашето крајбрежје. Од почетокот на сезоната па се до крајот на годината ќе има намалување на цените на туриситичките аранжмани од 10 до 20 проценти. Оваа најава е во знак на благодарност за бесплатната вакцинација од страна на Србија која ја овозможи за Македонската стопанска комора меѓу кои и за членките на Независната угостителска комора, информира Крсте Блажески, претседател на Хотам. Во таа насока, откако премиерот спомна бесплатна патарина за гостите од Србија, ние се приклучуваме со наша иницијатива, вели Блажески.
„Попустите на туристичките аранжмани од 20 проценти веројатно ќе бидат за периoдот од мај , јуни и дел од јули, а во високата сезона од 15 јули до 15 август намалувањата ќе изнесуваат 10 проценти. Потоа повторно ќе бидат вратени на 20 проценти се до крајот на годината“.
Идејата е едногласно прифатена од сите членки на Хотам, напоменува Блажески. Се приклучија скоро сите хотели од охридско – струшкото крајбрежје, сеуште недале одговор неколку помали хотели, но 90 проценти од хотелите ја поддржаа иницијативата.
„Се надеваме дека ќе поттикнеме еден дел од гостите да поминат барем неколку дена на нашето крајбрежје поминувајќи за Грција. Мислам дека ќе има интерес да се види Охрид , посебно од некои туристи кои не биле во посета подолг период“.
Со отпочнување на масовната имунизација во земјава против ковид 19 хотелиерите очекуваат добра туристичка сеозна и сметаат на посети од гостите од соседна Србија. Српските туристи за попустите на туристичките аранжмани ќе бидат информирани на веб сајтот на Хотам, на веб страните на сите хотели и преку туристичките агениции.