Skip to main content

Откриени над стотина возачи кои возеле пребрзо на делниците Охрид-Скопје и Охрид- Св.Наум

Во полициски контроли се фатени возачи кои возеле на патиштата со дури над 70 км на час над дозволена брзина на движење. Засилените полициски контроли ќе продолжат и понатака со цел да се намали бројот на жртвите во сообраќајот.

 |  Валентина Неловска  | 

Откриени над стотина возачи како возат со преголема брзина на сообраќајните делници Охрид – Скопје и Охрид – Св. Наум во полициски засилени контроли. Осумнаесет возачи на автомобили „летале“ со брзина дури со над 70 км на час над дозволената брзина. Пребрзо возеле и 104ца возачи со над 50 км на час над дозволената брзина за движење. Ова се резултатите од реализираните 295 контроли на МВР во засилените полициски контроли во сообраќајот на овие два сообраќајни правци. Несовесните возачи за прекршоците во сообраќајот се санкционирани, информира Тони Ангелоски, помошник на министерот за односи со јавност.
 „Зависно од прекршоците се движи и висината на казната. Зависи од брзината дали се вози побрзо до 30 км или со поголема брзина, од 30 до 50 км или од 50 до 70 км. Има прекршоци и со над 70 км на час над дозволената брзина на возење и казната за нив е 400 евра, а покрај казната следува и одземање на возачката дозвола. За несовесните возачи мора да има построги санкции“.

Засилените акциски контроли имаат за цел да се заштитат возачите, но и останатите учесници во сообраќајот. Поголемиот дел од учесниците во сообраќајот ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и придонесуваат за безбедноста. MВР неводи статистика за родова и за возрасна структура на прекршителите кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот.

 
Немаме податоци дали прекршителите се мажи или жени, повозрасни или помлади возачи.За жал несовесни возачи има во сите категории. Затоа спроведуваме засилени репресивни мерки. Спроведуваме и превентивна кампања каде се обидуваме кај граѓаните и ученците од помала возраста да создадеме сообраќајна култура за да имаме совесни возачи и да немаме потреба од репресивни мерки и да се почитуваат правилата во сообраќајот“.

Полициските контроли се прават за сите прекршоци кои предизивикуваат тешки сообраќајни несреќи. Тоа се возење со брзина поголема од дозволеното, управување на моторно возило под дејство на алкохол, управување без возачка дозвола, нерегистрирано возило и недавање предност на минување. Засилените полициски контроли ќе продолжат и во претстојниот перид за да се намали бројот на жртвите во сообраќајот. Од МВР информираат дека минатата година била регистрирана како година со најмал број на жртви во сообраќајот, а целта е тој тренд на намалување да продолжи и оваа година.