Кривична пријава за лицата кои истураа земја и шут во Охридското Езеро
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.З.(59) од Охрид, Н.И.(51) од Струга, Р.Б.(47) од Охрид како и против правно лице со седиште во Охрид.

Првопријавениот, иако знаел дека неговата катарстарска парцела во населбата „Далјан“ во близина на Охридското езеро, сеуште не е запишана во Агенцијата за катастар на недвижности на негово име, со намера да ја прошири парцелата, ги ангажирал второ и трето пријавените-вработени во правниот субјект од Охрид и, побарал дотур на земја, камен и крупен градежен шут на брегот и во водите на Охридското Езеро. Истите, извршиле дотур на земја и камен со што, ја прошириле парцелата на 900 метри квадратни навлегувајќи и во водите на Охридското езеро.