Skip to main content

Стружани бараат на плажите да има спасувачи на вода

Во градот има обучени лица за извршување на оваа дејност, само треба некој да ги ангажира.

 |  Билјана Колоска  | 
Струшките плажи чекаат спасувачи на вода. Со стартот на сезоната се поголем е бројот на посетители на плажите  со што се зголемува и ризикот од несреќни случаи. Иако минатото лето во Струга помина без спасувачи на вода, граѓаните велат овој пат, обучени лица мора да се грижат за безбедноста на капачите.
Во Струшкиот регион има потреба на плажите да има спасувачи на вода. Поучени од претходните години кога во градов за време на летото имавме неколку случаи на давеници, мора навреме да интервенираме ова лето да се реши овој проблем, вели портпаролот на СВР, Охрид,  Стефан Димоски. Минатото лето, до секторот се пријавени  вкупно 6 случаи на давеници, 3 во Охрид и 3 во Струга.

spasuvaci„Со намера да укажеме на опасноста од давење во водите на Охридското езеро, апелираме до концесионерите задолжително да ангажираат спасители на вода. Граѓаните пак, да ги почитуваат нивните совети“-вели портпаролот Стефан Димоски.

Во Струга, има доволно обучени лица кои знаат да им  укажат помош на капачите доколку увидат дека има потреба за тоа, информираат  од Црвен Крст.
Стручните лица апелираат до сите капачи, да бидат внимателни при престојот во вода. Алармираат, по долгиот престој на сонце да не се влегува веднаш во ладните езерски води. На оние кои не се искусни пливачи, посебно децата,  им порачуваат да не одат во длабочините на Охридското езерото.

 

{loadposition content9}