СЕ ГРАДИ НОВ ПОТПОРЕН ЅИД ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ГРАДОТ
Во тек се работни активности за изградба на нов потпорен ѕид на улица „Кузман Капидан“ во населбата Варош.
Во тек се работни активности за изградба на нов потпорен ѕид на улица „Кузман Капидан“ во населбата Варош.
Се работи за армирано бетонски ѕид во должина од 18 метри и висина од 4 метри. Со неговата изградба се решава долгогодишниот проблем на жителите од овој дел на градот и се надминува опасноста која постоеше за околните индивидуални куќи. Вредноста на инвестицијата е 2,5 милиони денари, а средствата се обезбедни од буџетот на Општина Охрид.
Како дел од овогодинешните активности за партерно уредување, во текот на наредниот период ќе започне реконструкцијата на пешачки патеки на неколку локации во стариот дел на градот.
На дел од патеките предвидено е да биде извршена замена на старите бехатон плочки со гранитни, а на дел од патеките ќе се врши поставување на нова основа и прередување. Исто така, во текот на наредниот период ќе биде извршена промена на пумпните станици во населбата „Канео“ и во близина на хотел „Александрија“.
Минатата година со средства од општинскиот буџет беше извршена иградба на потпорен ѕид во близина на Спомен куќата на „Григор Прличев“, беше уреден плоштадот „Табана“ и беа реализирани уште неколку инфраструктурни зафати за подобрување на условите за жителите од стариот дел на градот.