Skip to main content

Започна со работа модуларната болница во Струга

Моментално во неа се сместени 11 ковид болни пациенти. Состојбата во третиот бран на пандемијата во Струшко е стабилна, има уште 40 тина слободни кревети.

 |  Соња Рилковска  | 

Во модуларната болница во Струга моментално се сместени  11 ковид пациенти и има централен довод на кислород.  Дополнително 13  болни од корона се лекуваат на Интерното одделение во струшката болница,   кое функционира како ковид  1 центар.
Половината од пациентите се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка.

 „Повеќето од пациетите се на 60 годишна возраст во двата ковид центри кои што хоспитализирани.  Со потешка клиничка слика имаме двајца пациенти за кои што веќе се преземени и други мерки за справување“, Арменд Арслани директор на Општа болница Струга.
Во струшката болница  состојбата во третиот бран од пандемијата е стабилна,  има уште   четириесеттина   слободни кревети.

„Од друга страна модуларната болница која што функционира како Ковид 2 центар  за хоспитализација имаме 11 пациенти од кои 5 се на кислородна поддршка. Сите ресурси се ставени на располагање , имаме персонал, распределба на здравствените работници и моментално ситуацијата е стабилна“ , додава Арслани.
Струшката болница   доби  донација современо и опремено  санитетско амбулантно возило за итна медицинска помош и превоз на тешко болни преку Фондацијата за развој на образование и култура – „Албиз“.