Skip to main content

Охридската флота усидрена, бродарите без приходи

Нема туристи нема организирани групи, нема егзистенција велат за твм. Претстојната сезона им влева надеж дека ќе има подобрување на состојбата. Очекуваат поддршка и од општината и од државата.

 |  Соња Рилковска  | 


Бродарите од Охрид се во тешка финансиска состојба.  Во недостиг на организирани групи туристи   во пандемијата   сите останаа без основните приходи.
Досега добиле само мала поддршка од државата , а состојбата со корона вирусот не им влева надеж дека наскоро ќе се променат работите.  Велат тие се промотори на земјава и градот и треба да добијат достоинствена поддршка и од општната и од државата.

„Државата не поддржа на почетокот на кризата, кога никој не знаеше што не чека. Но таа поддршка  е мала ама јас сакам едно да кажам од сиромав човек не можеме многу да очекуваме  како што е оваа држава. Никогаш не е доволно  не можат да се покријат трошоците затоа што вработените ние што ги имаме  ги плаќаме преку цела година. Ние сме сезонски фирми кои имаме персонал со години со нас“, вели Димитар  Мато бродар од Охрид.

И оваа туристичка сезона  не се очекува стабилизација на состојбата со пандемијата и враќање во нормала.   влева надеж за  подобрување на состојбите

„Сезона како сезона да се надеваме на подобро  секогаш имаме некоја надеж, се бориме се трудиме ја рекламираме ова анаша убава земја и Охрид Може да видите се е актуелно на интернет колку луге се со нас и колку сме го изрекламирале овој град оваа држава  се надеваме да дојде подобро и да тргнеме од некоја нулта точка“, додава Мато.

И големите брподови  цела година се усидрени на градското пристаниште. Штетите велат се огромни, очекуваат да продолжи поддршката од државата. . Најбарани тури по Охридското езеро до пред пандемијата   беа панорамските  прошетки до Свети Наум , Заливот на коските во Градиште и Канео. . Целиот екипаж, капетани, бродари, морнари стравуваат дека  и  оваа сезона нема да можат да ги подмират ниту основните трошоци.