Skip to main content

Храната е поскапена но сепак нема да изостанат традиционалните јадења на велигденската трпеза

Раздвиженост во маркетите, зелените пазари и месарите. Граѓаните се подготвуваат и за богата велигденска трпеза околу која ќе се собере семејството. Велат дека храната е поскапена но сепак нема да изостанат традиционалните јадења.

 |  Соња Рилковска  | 



На Велики петок православните христијани се подготвуваат за  најголемиот празниик Велигден. Радосната вест за Христовото воскресение верниците годинава ќе може да ја дочекаат и во црквоните храмови, како што и било традиција од памти век, со исклучок на пандемијата.
Домаќинките традиционално подготвуваат богата празнична трпеза. Се месат козињаци, се прават кифлички, разни салати, торти,  но неизбежно е  јагнешко месо со компир,
-Јагнешко  месо, таратур козињаци колачиња вапсани јајца. Се пто е најубаво да спремиме. Бидејки имаме внучиња правиме и шарени јајциња ги декорираме“, вели една охриѓанка.
-Деновиве јагнешко зедовме,компир  торта ке направам , козињак спремам. Децава на ручек ке ми дојдат, вели една охриѓанка.
-Јајца ќе вапсам, козињак ќе направам  можеби и тоа е тоа, вели трета охриѓанка. .
-Ќе има прасе печење, јагнешко обавезно и се што треба. Не  викаме голем број на луѓе, вели еден охриѓанец.
-Традиционално како што сме правеле во минатото, јагнешко јајца се Младите разни јајца ние само црвени вапцуваме , вели постара жена.
– Имаме свинско домашно тоа е ние двајца луѓе сме децата ни се во странство. 
Охриѓани  се пожалија на високите цени на месото и прехрамбените производи. Велат голем дел од верниците празникот ќе го минат скромно.  
-Па јагнешкото го купив 360 денари килограм, вели една охриѓанка.
Цените се многу скапи нема вредност парата никаква вредност нема 1000 денари е нула, а пензиите ни се 15 000, вели еден граѓанин.
-Сиромашно како да се подготвуваме цените се поскапени. Малце мевце економично како ти е тоа е се е поскапено многу , вели една повозрасна охриганка
-Од се помалку ама сктомно малку месо салати јајца , вели повозрасна жена.
Некои од граѓаните велат на полноќ ќе одат во црква,  а други заради пандемијата сепак ќе останат дома со семејството.
-Дома и во природа, шетање пешачење во природа.
-В црква и од црква дома, среќни празници на сите да поможат.
-Во домашен амбиент бидејки имам гости .
Граѓаните и овој  Велигден со иста желба, што поскро да заврши пандемијата и да се врати животот во нормала.