Верниците од исламската вероисповед денеска го слават верскиот празник Рамазан Бајрам
Верниците од исламската вероисповед денеска го слават верскиот празник Рамазан Бајрам со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на едномесечниот пост.
Верниците од исламската вероисповед денеска го слават верскиот празник Рамазан Бајрам со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на едномесечниот пост.
Рамазанските пости претставуваат една од основните обврски на муслиманските верници. Прославата за рамазанскиот – Бајрам трае три дена. Во исламската религија Рамазан е светиот месец кој е деветти во лунарната година и секоја година се поместува за 10 дена наназад.
На првиот ден се извршува утринска молитва – Бајрам Намаз, а во состав на прославата се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.
Светиот месец Рамазан е муслимански празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар. Се верува дека во текот на тој месец светата книга – Куранот му бил откриен на Архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед. Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела.