Skip to main content

Апсолутна доминација на охридските стрелци на меѓународниот Тунир во Сандански

Изминатиов викенд, стрелците од охридските клубови Јована Милевска, Бојан Спасеновски и Даниел Стојаноски зедоа учество на осмиот по ред меѓународен Турнир во Сандански, Р. Бугарија.

 |   | 

Изминатиов викенд, стрелците од охридските клубови Јована Милевска, Бојан Спасеновски и Даниел Стојаноски зедоа учество на осмиот по ред меѓународен Турнир во Сандански, Р. Бугарија.

Тројца охридски стрелци на овај Турнир настапуваа за СК ,,Охрид“ и за првпат ги освоија сите три први места во поединечен пласман, но и прво место во екипен пласман.

Во категорија јуниорки, Јована Милевска се закити со златен медал и на пиедселот се искачи со резултат од 606,3круга. Овај резултат е далеку под нејзините можности, но со оглед на тоа дека тренизизите и беа редуцирани, овај резултат е очекуван. Бојан Спасеновски со резултат од 599.4 круга во категорија на јуниори се пласира на првата позиција, а Даниел Стојаноски во категорија – помлад јуниор со резултат од 356.9 кругови (од 40 дијаболи) сосема неочекувано се пласира на првата позиција.

Екипата во состав на истите стрелци, беше на врвот со најмногу освоени први места. Од оправдани причини голем дел од стрелците не можеа даземат учество на овај турнир, кој оваа година се одржува во рамките на проектот Сандански-град на спортот.

Од денес па до средината на наредната недела, нашиот државен репрезентативец Јована Милевска ќе учествувана подготовките во Велес, за претстојното Европско првенство кое ќе де одржи во Осијек, Р.Хрватска. За жал, младиот јуниорБојан Спасеновски не се најде на листата на Селекторот за настап на ова Европско Првенство.