Министерката за образование Мила Царовска во Охрид ќе посети две училишта во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“
Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска во Охрид ќе ги посети училиштата „Ванчо Питошески“ и „Наум Охридски“.
| | Охрид
Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска во Охрид ќе ги посети училиштата „Ванчо Питошески“ и „Наум Охридски“.
Посетата на двете училишта е во рамки на втората фаза од кампањата за промоција средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“, чија цел е запознавање на идните средношколци со перспективите и можностите кои ги нуди овој тип на образование.