Skip to main content

Демолирани електричните сандачиња во старата охридска касарна

Никако да престане вандализирање на јавните добра. На местото во поранешната касарна се уредува новиот голф драјвинг  ренџ  со  мало игралиште и академија за  голф. Но несовесни лица  ги уништуваат електричните сандачиња.  Надлежните апелираат на поголемо внимание и одговорност. Целиот простoр е во изградба и е потенцијална опасност.

 |   | 


На местото каде, што  се уредува новиот голф драјвинг  ренџ  со  мало игралиште и академија за  голф , во населбата „Радојца Новичиќ“, непознати вандали ги уништиле електричните сандачиња.  
Станува збор за многу опасен, животозагрозувачки чин и вистинска среќа е што нема повредени. Каблите се под голем  струен  напон, што претставува голем ризик за неодговорните лица кои ја причиниле штетата.

„Во последно време,  како се затоплува времето  повеќе деца се на тој простор и сведоци сме на повеќе немили настани, има кршење. Донесовме струја и вода  за наводнување, но сведоци сме на дивеење на одредени групи  деца а забележавте дека орманчињата со струја под напон беа искршени. Сакам да апелирам дека тоа е за општо добро на градот за нашите генерации и ги молам да бидат поодговорни кон општествените добра“, вели Гордана Јованоска директор на ЈП „Билјанини извори“ Охрид.

Целокупниот простор се уредува за спортски терени,   мини голф игралиште, кое го градат  охридскиот голф клуб и општина Охрид, а ќе биде една нова  туристичка понуда  за Охрид, но  и развој на тој дел од градот  
Надлежните апелираат на поголемо внимание и одговорност. Целиот просотр е во изградба и е потенцијална опасност.

„Пред се и над се нас ни е важно зашттитата на луѓето и децата. Сето тоа е под напон добро обезбедено под катинар  но некој го искршил со метални предмети, затоа апелирам и до родителите и до младите да играат на тој простор, но да не прават штети“, додава Јованоска.
 
Голф драјвинг  ренџ  со  мало голф игриште и академија за учење на голф, ќе биде нова атрактивна  туристичката приказна на Охрид.  Ќе има четири стандардни голф дупки за вежбање, драјв ренџ и академија  со инструктори професионалци  за учење голф. За неколку месеци проектот се очекува да биде готов.