На 23-ти мај во Струга ќе се одржи „Трка на поезијата“
Под слоганот „Трчаме рецитираме“, во недела, на 23-ти мај во Струга ќе се одржи „Трка на поезијата“.
Под слоганот „Трчаме рецитираме“, во недела, на 23-ти мај во Струга ќе се одржи „Трка на поезијата“.
Целта на настанот, како што соопшти организаторот, здружението „Спортски мостови“ од Струга, е да се подигне свеста на луѓето за важноста на физичката активност, како и промоција на спортот и трчањето.
– Преку трката на поезијата, од пет и од 10 километри, Струга ќе биде домаќин на голем број успешни спортисти и атлетичари, спортски работници, како од нашата земја, така и од другите држави. Слоганот „Трчаме рецитираме“ дава многу убава релација на спортот и она што е препознатливо за овој град, а тоа е поезијата, посочуваат од здружението „Спортски мостови“.
Трката од 5 километри ќе биде од рекреативен, а од 10 километри од натпреварувачки карактер. Предвидена е и детска трка од еден километар.
Почитувани учесници, Ве потсетуваме дека поради моменталната ситуација сме принудени да организираме подигање на пакетите (EXPO) претходно неколку денови, затоа Ве известуваме дека подигањето на стартните пакети ќе биде во следните термини:
– Четврток 20.05 од 16:00 до 20:00 часот,
– Петок 21.05 од 16:00 до 20:00 часот, и
– Сабота 22.05 од 08:00 до 20:00 часот.
Ве очекуваме во Camping SCOUT Struga во наведените термини за подигање на Вашите стартни пакети.
Исто така доколку Ви го подигаат стартниот пакет или подигате стартен пакет за некој Ваш близок или партнер потребно е да имате испринтано или електронски доказ од потврдата за уплата и стартно бројче на истото лице.
ВАЖНО: ПОДИГАЊЕ НА СТАРТНИ ПАКЕТИ НА ДЕНОТ НА ТРКАТА НЕМА ДА ИМА!