Skip to main content

Мали теглички со макало од лук „Папас“ интересна гастрономска понуда во Охрид

 Макалото од лук е спој на автентична и  здрава, вкусна локална храна. Семејната приказна за производство на охридското макало во оваа форма започнала од воодушевените туристи кои го пробале намазот и посакале од незаборавниот вкус да си понесат и дома.     

 |  Валентина Неловска  | 

Макало од лук „Папас“ убаво спакувано во мали теглички е нова вкусна, здрава и автентична понуда за посетителите во Охрид. Вкусот на охридското макало подеднакво ги воодушевува и домашните и странските туристи. Семејната приказна за изработка на охридското макало во помали пакувања започнала пред 3 години во ресторан во Трпејца покрај Охридското езеро. Гостите кои го вкусиле макалото покажале голем интерес за автентичниот специјалитет и посакале од вкусниот намаз да си  понесат и дома. Од таму се роди и идејата да се направат помали пакувања и да се формира мала производствена семејна фирма , раскажува Тања Јовческа Арнаудоска, промотор на охридското макало „Папас“.

Се почна од традиционалиот рецепт. Базичното, обично макало се изработува со македонски лук и нема згуснувачи, вештачки конзерванси, нишесте. Се израбоува по традиционален рецепт како што се прави одамна во Трпејца. Понудата се збогати со макало од ореви и лешник кои се македонски производи. Се инсистира да се задржи автентичноста и локалитетот на производите, се да е од македонско потекло“.


Во убаво уредениот дуќан во автентичен дух  сместен во атрактивниот стар дел од градот, покрај вкусното охридско макало може да се купат и други локални призводи меѓу кои домашно органско вино или слатко од зелени трпејчки смокви.

„Во понудата на дуќанот имаме неколу производи покрај макалото, ајвар, мед, маџун, путер од лешник, губи и тарана направени по охридски традиционален рецепт од Охрид, со јајца, млеко и брашно. Има интерес и за други мали , локални македонски производи како нашите од регистрирани производители  да бидат присутни во овој наш дуќан“.

Охридското макало „Папас“ е дел од Слоу фуд Македонија која работи на промоција на мали Македонски автентични производители на храна.  Од „Папас“ се горди на соработката со оваа организација, а идните планови им се во насока на проширување на нови локални производи изработени од мали регистрирани семејни фирми.