Skip to main content

Апел да се исчисти од наталожениот отпад и да се уреди потегот кај месноста Мазија во Охрид

Дел од Месноста Мазија крие огромна количина отпад и градежен шут натрупан во езерската вода на брегот пред десетици години. Дополнително во на таа локација постојано се излеваат фекалии а бујната трска во себе собира комунален отпад.  Претставници на научната фела и на едрличарската федерација и охридските клубови апелираат тој простор да се исчисти од отпадот и да се уреди. Кон нивниот апел се придружува и охридската капетанија. На потег е општината.

 |  Соња Рилковска  | 

Секојдневно се  излеваат фекалии кои го загадуваат езерото,  во езерската трска натрупана е огромна количина отпад, а целиот простор пред триесеттина години е тампониран со секаков вид на градежен шут.
Потребно е итно уредување на овој простор, алармира научата фела.  
„Овој дел Мазија, кој ние го нарекуваме е тампониран со шут од секаква природа  и тој постепено се разлага  влегува во езерото. Потенцијална опасност е за езерото. Трската се појавува на она место каде е поголемо загадувањето  и така и се движи. Во одреден период бидејки годишно се развива корените се внатре, таа во текот на вегетациониот период собира отпад кој езерото ги исфрла а на крајот тоа треба да се исчистат“ , вели професорот Зоран Крстаноски пензиониран вработен во Хидробиолошкиот институт во Охрид.

Охридските едриличари преку иницијативен собир на Мазија денеска побараа соодветно уредување на просторот, што е неопходно за зачувување на животната средина.

„Прво да се исчистат фекалиите  кои со години се таложат тука. Да се исчисти дел од градежниот шут кој  пред многу години е натрупан тампон од градежен шут“, вели Будмир Соколовиќ  од Едриличарска федерација на Македонија.

„Овој канал редовно се чистел децении наназад тој мора да биде исчистен  бидејки тоа е дел од неговото одржување. Инаку се собира отпад што не е во прилог на екологијата. Ставот на едриличирати е дека треба да се заштити овој појас “,  вели Александар Гоџо од Едриличарски клуб Охрид.

„ За иницијативата сум, да се среди еднаш конечно оваа еколошката бомба овде која постои во Охрид поготово во каналот Билјанини извори  и делот со оваа трската овде која што е израсната во огромен број. Имам фотографија од 80 те години на која се гледа како изгледало во минатото пред да биде донесен целиот овој шут и е направено ова сега  во моментов“, вели Стефан Ставрев од едриличарскиот клуб „Акватика Јахтинг Охрид“.

Поддршка за уредување на просторот на Мазија   даде и охридската капетанија.

„Во тој крајбрежен појас ќе излези многу отпад од комунална природа, бидејки години тој дел не е третиран. А трската  како што знаете сето ѓубре кое навлегува  го задржува и тоа не може да се врати никаде со некој ветер или бран да биде исфрлено на површина на водата“, вели Горан Устијаноски капетан во капетанија на пристаништа на РМ.
Oд општина Охрид ја поздравуваат иницијативата и велат во завршна фаза е проектот за уредување на овој простор.