Skip to main content

Во Црна Гора укината забраната за маски на отворено

Од сабота, 22-ми мај, во Црна Гора престанува да важи мерката за задолжително носење заштитни маски на отворено. Од епидемиолошките мерки остануваат на сила обврската да се носи маска во затворено и забраната за собирање повеќе од 20 луѓе.

 |   | 

Во Црна Гора од утре ќе биде укината обврската да се носи маска на отворено, онаму каде што е можно да се обезбеди дистанца од два метра, според новите епидемиолошки мерки на Министерството за здравство.

Црна Гора претходно ги укина повеќето епидемиолошки мерки по подобрувањето на епидемиолошката состојба во април, а сега останува во сила обврската да се носи маска во затворено и забраната за собирање повеќе од 20 лица на истото место.