Спасителите на вода немаат насоки дали ќе ги покриваат слободните плажи ова лето
Од ОО ЦК се надеваат дека надлежните ќе ја почитуваат законската регулатива на секое капалиште да создадат услови за безбедност на капачите. Од локалната самоуправа инфомираат дека ќе бидат дефинирани сите детали околу обезбедување на потребните услови за функционалност на плажите и обезбедување на безбедност за туристите ова лето.
Од охридската општинска организација на Црвен крст немаат насоки дали нивните спасители на вода ќе се грижат за безбедноста на капалиштата ова лето. Нема информации дали спасителите на вода ќе бидат ангажирани на плажите каде што ќе нема концесионери. Тие активно се подготвуваат за претстојната летна сезона со обуки за нови спасители на вода и за освежување на знаењата и техничките на спасување на веќе обучените спасители, информира Сашо Точков, претседател на ОО ЦК.
„Годинава е специфична заради расчистување на капалиштата. Немаме информации дали тие капалишта ќе се активни, уредени , дали ќе има концесионери, лица со кои ќе може да разговараме за поставување на спасители на капалиштата, дали ќе има лежалки и други реквизити на вода. Во наредниот период ќе треба да разговараме со локалната самоуправа“.
Досега, сеуште немале средба со преставници од Локалната самоуправа и Министерството за транспорт и врски за оваа проблематика. Оставаат на институциите да ги почитуваат законските регулативи кои меѓу другото налагаат поставување на капалиштата спасители на вода обучени според меѓународни стандарди.
„Официјално не сме разговарале, но немаме јасни насоки што ќе се случува со плажите на пример со Немо, која е исчистена, дали ќе може да доаѓаат капачи и дали ќе се преземаат соодветни мерки. Има градежен материјал, препреки, за кои треба да се преземат активности за да нема повреди и небезбедени услови на тоа капалиште. Има многу такви капалишта и ќе им по рушењето на налегалните објекти, како што ги нарекуваат, и ќе има потреба од уредување на тој простор.“
Има капалишта кои со години наназад немаат стопанственици, концесионери, кои се слободни и треба да содржат натпис, известување дека секој кој доаѓа на тоа капалиште нема услови за безбедност и секој го користи капалиштето на сопствен ризик. Треба да се постават табли сопрдупредување онаму каде што ќе нема кој да се грижи за капалиштето, вели Точков.
Од општина Охрид на оваа тема безбедност на капалиштата, инфомираат дека во моментот непрекинато имаат активности за отстранување на бесправните објекти на плажите на потегот од хотел „Метропол“ до селото Пештани. На локациите каде што ќе се отстрануваат нелегалните градби наскоро е планирано да започне уредување на просторот согласно препораките на УНЕСКО и Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.
Исто така, во текот на наредната седмица ќе бидат дефинирани и сите други детали околу обезбедување на потребните услови за функционалност на плажите и обезбедување на безбедност за туристите.