Skip to main content

Песни од Балашевиќ во учебниците за основно образование во Србија

Неколку песни од познатиот и неодамна починат кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ влегуваат во учебниците за основно образование во Србија, пренесуваат медиумите. Станува збор за песни кои третираат различни проблематики.

 |   | 

Три песни од неодамна починатиот Ѓорѓе Балашевиќ ќе бидат вклучени во српските учебници за основно образование, објавија медиумите во Србија.

Професорката Ивана Лучиќ од едно основно училиште во Нови Сад изјави дека Балашевиќ е важен затоа што е разновиден. Такви се, како што објасни и трите песни што влегуваат во учебниците: „Девојка са чардаш ногама“ – весела, оптимистичка песна, потоа „Д-мол“ – тажна љубовна песна, а за осмоодделенците – „Дрвена песна“ за еден момчешки сон.

Според професорката Лучиќ, овие песни не се многу лесни за разбирање и не се едноставни.

„Затоа тие песни се прекрасна основа за наставниците да ги анализираат заедно со учениците, да наоѓаат стилски фигури, скриено значење и оние пренесени значења“, вели наставничката.