Претставата „Сопружници“ по повод јубилејот на Народен Театар Охрид
Како дел од активностите за прославување на 10 години Народен Театар Охрид, на репертоарот следнава недела ќе биде изведена претставата „Сопружници“ во режија на Драгана Таневска.
Претставата ќе се игра во четврток, на 3-ти јуни 2021 година, со почеток во 20.00 часот.
– „Сопружници“ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претставата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите, вели режисерката Таневска.
Во претставата играат: Ивица Цонев како Гејб, Елизабета Стефановска во улогата на Џуди, Никола Тодороски како Џек, Адријана Билаловиќ- Тодороска како Сали и Филип Кипровски како Мајкл.
Организаторите најавуваат дека претставата ќе се игра согласно сите важечки здравствени протоколи за заштита од COVID-19.