22 прекршувања на забраната за движење, 382 казни за неносење заштитна маска
22 лица ја прекршиле забраната за движење, а 382 лица добија казни за неносење маска во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија.
| | Македонија
Од 00:00 до 04:00 часот на 27-ми мај 2021 констатирано е дека 22 лицa не ја почитувале забраната за движење.
Во текот на изминатото деноноќие пак (26-ти мај/27-ми мај 2021 година) на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 382 прекршоци.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на COVID-19.