ОФИЦИЈАЛНО: Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид
Зинедин Зидан си заминува од Реал Мадрид како еден од најуспешните тренери во историјата. Реал се огласи преку соопштение во кое појасна дека Зидан си заминува по лично барање, а воедно упати голема благодарност до стручњакот.
Откако вчеравечер беше најавено, сега пристигна и официјално соопштение дека Зинедин Зидан повеќе не е прв тренер на Реал Мадрид. Францускиот стратег ја имаше втората епизода на клупата на клубот од кој заминува како еден од најуспешните во историјата.
Реал се огласи преку официјално соопштение, упати благодарност до Зидан и ја појасни ситуацијата. Заминувањето на стручњакот е по негово лично барање, а клубот не се противеше и договорот беше спогодбено раскинат.
Клубот остана без трофеи оваа сезона, беше елиминиран во полуфиналето од Лигата на шампионите од Челзи, Атлетико ја освои Примера, а Барса, Купот на Кралот, па промените беа можеби неминовни.