Skip to main content

Законот за дивоградби повторно се враќа во Собрание

Талат Џафери очекува законот за дивоградби на 8 јуни да се најде на пленарна седница. Дотогаш се очекува во него да бидат вметнати забелешките на стручната јавност. 

 |   | 

Законот за бесправно изградени објекти на 8 јуни треба да се најде на собраниска седница. Претседателот на Собранието, Талат Џафери најавува дека веќе на наредната седница овој закон повторно ќе се најде пред пратениците, бидејќи негова деловничка обврска е да го врати на дневен ред во трето читање во рок од 30 дена од неговото донесување.

„На 11 мај е изгласан, најдоцна на 11 јуни треба да се најде на седница. На 8 јуни ќе се најде на дневен ред“, вели Џафери.

Законот нема да се враќа во Комисијата за транспорт и врски, туку ќе оди директно на пленарна седница.

Според надлежните, во Македонија има околу 50.000 дивоградби, чиј статус мора да се регулира. Првично со законот се предвидуваше легализација на објекти изградени и во националните паркови, а од него беше изземен само Охридскиот регион.

Антикорупциската комисија најави дека ќе го оспори законот пред Уставен суд.