Skip to main content

Во Охридското Езеро се удави Никола Даниловски голман на ГРК Охрид и на македонската репрезентација

Трагедија го потресе Охрид.  Животот го загуби голманот на ГРК Охрид и македонски репрезентативец 26 годишниот Никола Даниловски.

 |   | 

Трагедија го потресе Охрид.  Животот го загуби голманот на ГРК Охрид и македонски репрезентативец 26 годишниот Никола Даниловски. Безживотното тело на ракометарот е пронајдено денеска во водите на Охридското Езеро, а според СВР Охрид врз телото немало траги од насилство.
Даниловски се водел за исчезнат од синоќа, а по него трагала полицијата цела ноќ до утрово кога неговото тело било пронајдено кај Лагадин.

Поради трагичната смрт на Даниловски одложен е вечерашниот меч од Суперлигата меѓу ГРК Охрид и РК Струга.

Даниловски во својата кариера бранеше за македонската репрезентација, за Металург, Еурофарм Пелистер и за Охрид.