Skip to main content

Скопјанка со секира нападнала охриѓанец

36 годишна жена од Скопје на 29-ти мај во Охрид со секира нападнала 52 годишен охриѓанец. Жената е приведена, а против неа ќе биде поднесена и соодветна пријава.

 |   | 

На 29-ти мај 2021 година, во 02:40 часот, во куќа на улицата „Охридски бригади“, 36 годишна жена од Скопје, со секира нападнала 52 годишно лице од Охрид, а потоа извршила оштетување на покуќнината.

-Таа е приведена и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.