Кривична за охриѓанецот кој физички нападна полициски службеници
СВР Охрид поднесе кривична пријава за 29-годишниот охриѓанец кој неодамна физички нападна полициски службеници.
| | Охрид
СВР Охрид, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 29-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице во вршење на работи од безбедноста“.
– Тој, на 19-ти мај 2021 година, на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, започнал вербална расправија со полициски службеници кои преземале службени мерки по што, физички ги нападнал, информираат од СВР Охрид.