Плажата Лабино подготвена за летната сезона
Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“, жители на Стар Град и Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „5 до 12“ викендов ја расчистуваа плажата Лабино од разновиден отпад.
Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ заедно со жителите на Стар град и членови од Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „ 5 до 12“ од Охрид, викендов работеа на расчистување на плажата Лабино од разновиден отпад.
Во акцијата се отстрануваа трње, коров, бршлен и останати ниско стеблести растенија. Се средуваа и крошните од дрвјата.
Отпадот со чамци се транспортира до река “Грашница „ од каде се подига од службите на ЈП „Охридски Комуналец“.
Плажата „Лабино„ најмногу е посетувана од локалните жители од стариот дел на градот и во изминативе години беше една од ретките слободни плажи на охридската ривиера.
Акцијата за чистење на оваа плажа е дел од Младинското еко лето и е поддржана од невладината организација „Civika Mobilitas“.