Игор Ангеловски: Одиме на победа против Словенија
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски најави игра на победа на пријателскиот натпревар со Словенија.
Игор Ангеловски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација најави игра на победа на пријателскиот натпревар со Словенија.
– За првпат ќе играме подготвителен натпревар во улога на учесници на Европско првенство. Словенија е квалитетна репрезентација. Мечот со нив ќе ни биде добар тест. Без разлика дали е пријателски или квалификациски натпревар, сакаме да победиме. Нема многу да експериментирам, не сум таков тренер. Она што ќе ценам дека е потребно да проверам ќе проверам – изјави Ангеловски.
Тој упати повик до македонските навивачи во максимално дозволениот број да присуствуваат на стадионот.
– По подолго време ќе има публика. Фудбалот се игра за публика. Посакувам нашите навивачи максимално да го пополнат дозволениот број и да им дадат безрезервна поддршка на нашите фудбалери – рече Ангеловски.
Натпреварот меѓу македонската фудбалска репрезентација и словенечкиот национален тим ќе се игра денес со почеток од 18:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
извор: Плус инфо