Skip to main content

Охриѓани ги пакуваат патните торби за летување во странство

Најмногу интерес има за искористување на минатогодишните ваучери кои заради пандемијата им останаа неискористени.  Граѓаните ги избираат како летни дестинации за  одмор најчесто летувалиштата покрај оние во Грција и во Турција и Египет.

 |  Валентина Неловска  | 

Заживува оптимизмот кај туристичките агенции дека ова лето 2021 ќе биде подобро од претходното кое го одбележа корона кризата. Похрабрите охриѓани веќе ги пакуваат куферите за летување во странство, информира Маја Богојоска  од ТА „Елида турс“. Најповеќе ги има граѓаните со неискористените уплатени средства што им беа уплатени за минатата година. Тие се интересираат во поголем број да ги искористат нивните уплати за одмор на море.

Најмногу резервации ни беа за Грција, но лани воопшто не отворија границите кон таа земја, а годинава почна полека да се отвараат. Сега само е отворен граничниот премин Евзони , граѓаните малку реагираат дека им е подолг патот, но ги прифаќаат сите услови. Сакаат едноставно да излезат , им се здосади дома внимавајќи на се и се надеваме дека ова лето ќе биде подобро од претходното“.

На летување подеднакво сакаат да отпатуваат и повозрасните и помладите категории граѓани. Богојоска  не може да издвои која возрасна група сака повеќе да отпатува на одмор.


„Главно сите се заинтересирани. Некој со вакцина, а други прават ПЦР тестирања. Најверојатно е исто и со ПЦР тестот или со вакцина. Не им е проблем дали ќе го направат ПЦР тестот или се веќе вакцинирани. Возрасната група се повеќето вакцинирани“.

Покрај интересот за искористување на уплатените ваучери за летување во соседна Грција, граѓаните се почесто ги избираат за одмор и туристичките места за кои има чартер летови за Турција и за Хургада , Египет. Помал интерес засега има з а летување на Црногорското и Хртватското приморје.