Започнаа уписите во средните училишта во Струга
Во стручното училиште во Струга најголем интерес осмооделенците пројавија за економската и здравствената струка.
Очекувано, малку од нив беа заинтересирани за градежните и текстилните струки. Од оваа учебна година ќе функционираат уште две паралелки: електротехничка и угостителска.
Денес се објавија резултатите од првиот уписен рок во средните училишта. Во „Нико Нестро“ уште во 9 часот на огласна табла се истакнаа списоците со примени ученици во паралелките со кои расплолага ова училиште. Родителите на учениците уште од раните утрински часови нетрпеливо ги пребараа списоците.
Вообичаено, новата генерација најголем интерес пројавува за здравствената и економската струка. Заинтересирани има и за насоката -хемиско технолошка како и градежно Геодетската струка. Очекувано, малку осмооделенците беа заинтересирани за текстилната и градежната струка.
Годинава за прв пат во „Нико Нестро“ се воведуваат уште две нови струки. На македонски наставен јазик електротехничка а на албански угостителска струка. Директорот на „Нико Нестро“ се надева дека во следните уписи ќе се исплонат и паралелките за кои во моментов има малку интерес.
{loadposition content9}