Највкусните рибни специјалитети во две категории ги подготвија студентите од ФТУ на гастрономскиот фестивал „Палилулско златно грне“ во Ниш
Тие освоија максимален број на поени во двете категории бела рибна чорба и рибен паприкаш. За подготовката на автентичен охридски начин на рибна чорба користеле мавровска пастрмка и икра од белвица, а за рибниот паприкаш користеле охридски крап.
Студенти по гастрономија од охридскиот Факултет за туризам и угостителство освоија две први награди на гастрономскиот фестивал „Палилулско златно грне“ во Ниш. Освоија максимален број на поени во две категории за подготовка на бела рибна чорба без запршка со толчена икра и рибен паприкаш. За подготовката на автентичниот охридски начин на рибна чорба користеле мавровска пастрмка и икра од белвица, а за рибниот паприкаш користеле охридски крап. Ги воодушевиле посетителите со двата специјалитети од риба, а во подготовката на специјалитетите учествувале студентите Христијан Трајкоски и Антонио Бојкоски од прва година гастронимија и Игор Пешески од втора година, хотелско – ресторански менаџмент предводени од професорот по гастрономија Климент Наумов. Професорот вели со тоа достојно го преставивме нашиот факултет и ги добивме симпатиите на жирито, а посебно на публиката.
„Имавме мали несогласувања, жирито тврдеше дека не е доволно солена чорбата, а при тоа целата публика скокна во наша одбрана со прашањето дали си веруваат на нивните зборови. Ова е нешто невидено, ние ваква убавина немаме вкусено и не смеете со потценување да настапите. На крај освоивме пехар екипно како претставници од Македонија, од ФТУ и секој студент доби златна плакета и медал и пехар кој го добивме за нашиот факултет“.
На гастрономскиот фестивал „ Палилулско златно грне“ кој се одржува традиционално по 15 ти пат во Ниш учествувале 26 екипи, составени од ученици и студенти од средни, виши и факултети по гастрономија од цела Србија. Од Македонија единствени претставници биле од охридскиот Факултет за туризам и угостителство. Со гастрономските специјалитети достојно го презентиравме Охрид како туристичка дестинација, вели проф. Наумов.
Претставниците од ФТУ оствариле разговори и со други институции, здруженија на туристички работници кои се заинтересирани за соработка и организирање на настани од областа на гастронимијата и туризмот со Охрид.