Повеќе од 900 македонци викендов се вакцинираа во Врање
Викендов во Врање се вакцинирале повеќе од 900 македонци против коронавирус. Вакцинирањето се одвива без закажување, само со пасош или чична карта.
| | Македонија
За време на викендот, во Врање против коронавирус се вакцинирале 927 Македонци, објави РТС. Според најавите на српските медиуми, вакцинирањето трае и денеска.
Македонските државјани може да се вакцинираат без закажување, само со пасош или лична карта, информираат српските медиуми. На нашите државјани на располагање им се вакцините на „Фајзер“ и „Синофарм“.
Според српските здравствени власти, досега во Србија се вакцинирани околу 15.000 македонски граѓани. Најголем број од оние кои се вакцинираа во април ја примија вакцината на „Астра зенека“.