Силен земјотрес со магнитуда од 4,7 степени на Рихтеровата скала утринава околу шест часот ја погоди Далмација.
Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Хрватска го забележале силниот земјотрес со епицентар на околу 13 километри југоисточно од Шибеник. Јачината на земјотресот била 4,7 по Рихтер, а интензитетот во епицентарот е од 6-ти степен по ЕМС скалата, пренесува ХРТ.
Епицентарот бил на длабочина од два километри.

Засега има само една дојава за материјална штета – оштетен автомобил во местото Врпоље кај Шибеник, врз кој паднало парче карпа. Никој не е повреден.
Жителите на Шибеник по потресот излегле од своите куќи на улиците, но повеќето брзо се вратиле во домовите