Skip to main content

Вакцини за сиромашните бараат светските познати личности

Голем број светски познати личности денеска ги повикаа земјите од Г7 да обезбедат вакцини против коронавирусот за сиромашните земји во пресрет на Самитот на седумте индустриски најразвиени земји во светот.

 |   | 

Во отвореното писмо, познатите личности од светот на спортот и забавата ги повикуваат лидерите на САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Канада и Јапонија да се обврзат дека ќе им поделат на сиромашните земји најмалку 20 проценти од залихите на вакцините против коронавирусот.

Меѓу потписниците на отвореното писмо се наоѓаат главно амбасадори на волја на УНИЦЕФ, меѓу кои актерите Лиам Нисон, Орландо Блум и Вупи Голдберг, пејачката Кети Пери, фудбалерот Дејвид Бекам, шампионот на Формула 1 Фернандо Алонсо и тенисерот Енди Мари.

Целта на очекуваната донација од 150 милиони дози од вакцината меѓу јуни и август е намалување на ризикот од ширење на вирусот и опасноста од мутирани соеви, се наведува во писмото.