Skip to main content

Русија протера македонски дипломат

Русија прогласи еден вработен во Амбасадата на Македонија во Москва за персона нон грата како одговор за протерувањето на руски дипломат од земјава, соопшти амбасадата на Руската Федерација во Македонијa.

 |   | 

Русија прогласи еден вработен во Амбасадата на Македонија во Москва за персона нон грата како одговор за протерувањето на руски дипломат од земјава, соопшти амбасадата на Руската Федерацija Македонија, пренесувајќи го соопштението на руското министерство за надворешни работи.

„Вршителот на должност амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација, Чаушевска-Димовска, беше повикана во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што ѝ беше врачена нота со која вработен во Амбасадата на Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата“, пишува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.

Во соопштението се објаснува и дека ваквата мерка е одговор на немотивираната одлука на Македонија да прогласи руски дипломат за персона нон грата.