Skip to main content

ЕСПН: Македонија го има најубавиот дрес на ЕП

„Рисовите“ на тревникот во „Националната Арена“ ќе истрчаат со добропознатите дресови, со кои испишавме историја и го забележавме најголемиот успех, а токму овој дизајн американскиот „ЕСПН“ го избра за најоригинален и најубав на континенталниот собир. 

 |   | 

Додека го чекаме утрешното деби на нашите најдобри фудбалери, тие веќе добија едно големо признание, односно го имаат најубавиот дрес на Евро 2020 според угледниот американски спортски канал „ЕСПН“.

Уште пред стартот на континенталниот собир македонската јавност бурно реагираше поради бордо дресовите по што ФФМ веднаш одлучи да се врати на старите дресови, црвени со жолтото сонце.

Вчера беше објавена вест дека Грција се жали до УЕФА поради амблемот на ФФМ, а дали веднаш ќе се реагира останува да видиме.

Еве повторно се зборува за македонскиот дрес, според Херс Гомес и Клинтон Јејтс од ЕСПН, дресот со сонцето е најоригинален, како и македонското знаме.

Истиот извор потсетува на сензационалниот триумф против Германија (1:2) во квалификациите за Светското првенство 2022 година.

Останува утре ова признание да биде и крунисано со прва голема историска победа на Европските првенства против селекцијата на Австрија.