Skip to main content

Тетовчанец вршел измами за загинати во сообраќајки и заработил 2.210 евра

2.210 евра заработил тетовчанец кој што вршел измами за загинати лица во сообраќајни несреќи. Против него е поднесена соодветна кривична пријава.

 |   | 

На 22.06.2021 околу 13.50 часот на улица „Никола Тесла“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Р.М.(44) од Тетово, поради сомнение дека сторил продолжено кривично дело „измама“, казниво по член 247 од Кривичниот законик, за што денеска му е поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Тетово.

Р.М. се сомничи дека во јануари, март и април годинава со лажно прикажување на факти измамил лице од Охрид и двајца српски државјани и противправно се стекнал со вкупна имотна корист од 2.210 евра. На оштетените телефонски или преку пораки им се јавувал дека нивни блиски загинале во сообраќајни несреќи и дека преку друго лице треба да му испратат пари за транспортни или други трошоци. Р.М. и претходно бил кривично пријавуван дека на идентичен начин досега вкупно измамил четириесетина лица од нашата земја и од Косово, Србија и Албанија. Тој денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Од СВР Охрид кон средината на мај предупредија дека лице врши измама на граѓани за наводно случена сообраќајна незгода во која жртви или тешко повредени, се членови на нивните семејства. Притоа, предизвикувајќи огромна вознемиреност бара пари за понатамошна постапка.