Skip to main content

Филипче: Ако состојбата е стабилна, учениците треба да се вратат во клупите од септември

Доколку епидемиолошката состојба и во септември биде мирна и стабилна како сега, учениците треба да се вратат во школските клупи, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

 |   | 

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека децата можат да се вратат во училиштата од септември, а за две недели целосно ќе бидат завршени протоколите за новата учебна година.

Протоколите за учебната година се речиси готови. Има уште некои технички детали, на кои работи работната група, во која членуваат претставници од МОН и епидемиолози од Комисијата за заразни болести. Планирано е да присуствуваат сите деца, 100 проценти од вкупниот број во класовите. Така се подготвуваат и протоколите. Мерките се: дезинфекција, често проветрување на училниците, немешање на различни класови. Протоколите ќе бидат целосно завршени за две недели, изјави Филипче.

Тој соопшти дека со пристигнувањето на големата количина вакцини викендов, се планира имунизација и на сите наставници.

Министерот Филипче вели дека одлуката на Бирото за развој на образованието да не се делат сега сведителства на учениците оти нема услови, не е донесена во координација со министерството.

Сведителствата можат да се делат во дворовите. Се што може да се организира надворешни услови, може да се направи, смета Филипче.