Стружани на бензиска пумпа нападнале лица од Куманово
На 23.06.2021 полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Р.Р.(19) и А.Р.(38), двајцата од Струга, постапувајќи по пријава добиена околу 19.00 часот од Медицински центар Струга, според која кај нив со повреди биле донесени Б.Х.(34) и Д.Х.(30), двајцата од Куманово.
Во соопштението од МВР стои дека на 23.06.2021 полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Р.Р.(19) и А.Р.(38), двајцата од Струга, постапувајќи по пријава добиена околу 19.00 часот од Медицински центар Струга, според која кај нив со повреди биле донесени Б.Х.(34) и Д.Х.(30), двајцата од Куманово.
По преземени мерки било констатирано дека околу 18.40 часот, на бензинска станица на магистралниот пат А-2, тие биле нападнати со тврди предмети од неколку лица.
Р.Р. и А.Р. се приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.