Пропадна и вториот тендер за прскање против комарци во општина Охрид
Повторно се пријавил Центарот за јавно здравје како единствен понудувач на тендерот со висока цена за услугата. Во меѓувреме, комарците напаѓаат, а граѓаните го чекаат спасот во третиот тендер за избор на оператор кој ќе праска против комарците.
Пропадна и вториот тендер за избор на оператор кој ќе прска против комарци и глодари на територија на општина Охрид. Во меѓувреме, комарците напаѓаат, а граѓаните ќе го чекаат третиот тендер.
Досега на двата јавни повици од општина Охрид , пристигнала само една понуда од охридскиот Центар за јавно здравје. Општината за оваа намена има издвоено над 420.000 денари, а понудата на Центарот за јавно здравје цената на третманот против комарци била удвоена и изнесувала 937.000 денари, информира Томе Џамтоски портпаролот на општина Охрид.
„Не знам како да ја опишам оваа појава ако се споредат параметрите од минатата година т.с. сумата на пари која беше одделена за оваа намена е драстично помала од ова што го нудиме оваа година. Неразбирливо е зошто во случајот на оператор ЦЈЗ не може да ја прифати оваа многу повисока понуда од минатата година“.
Службите во општината при кроење на буџетската ставка за оваа намена се воделе од минати години и непроменети цени на препарати како и опфатот кој се третира.
„Од одделот за јавни набавакиме убедуваат дека нема зголемени трошоци, ни на средства кои се користат во методите и површината за прскање на територија на Охрид. Според опфатот прскањето би било од Подмоље до Св Наум, неколку критични места по реките и речните канали и крајбрежјето. “
ТВМ побара одговор од ЦЈЗ која е причината за високата цена за нивните услуги која ја понудиле на тендерот , но од таму не добивме одговор за нивните аргументи. Третиот тендер за избор на оператор кој ќе прска против комарци и глодари на територија на општина Охрид ќе биде одржан на 29 јуни.