Skip to main content

Претседателот Иванов на неформална регионална средба во Албанија

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ќе отпатува во албанскиот град Валона на неформалната средба со неговите колеги од Албанија, Косово и Црна Гора, Бамир Топи, Фатмир Сејдиу и Филип Вујановиќ.

George Ivanov
Ѓорге Иванов
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ќе отпатува во албанскиот град Валона на неформалната средба со неговите колеги од Албанија, Косово и Црна Гора, Бамир Топи, Фатмир Сејдиу и Филип Вујановиќ.

ValonaДводневната средба се одржува на покана на албанскиот претседател Топи и според најавата од неговиот Кабинет, таа е во функција на продлабочување на регионалната соработка.

Според Кабинетот на албанскиот претседател, четворицата шефови на држави на средбата ќе разговараат за „билатералните односи, регионалната соработка  и за перспективите за  развој во насока на заедничката евроатланска визија на земјите од Западен Балкан“.
Претседателот Иванов попладнево ќе има билатерални средби со своите колеги учесници на неформалниот собир.

{loadposition content9}