Голем грабеж во Загреб, украдени уметнички дела вредни стотици илјади куни
Загребската полиција трага по сторителите кои украдоа вредни уметнички дела од таванот на една зграда во центарот на градот.
| | Свет
Непознат сторител го искористил времето помеѓу четвртокот и неделата и влегол во таванот на зградата на улицата Клаичева во Чрномерц. Тој провалил во сладиште во зградата и ги украл уметничките дела.

-Сопственик на украдените дела е 72-годишен човек. Уметничките дела вредат неколку стотици илјади куни, објави полицијата во Загреб.