Skip to main content

Трето издание на Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид”

По трет пат, оваа среда ќе се одржи Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид” организиран од охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос”.

 |   | 

По трет пат, оваа среда ќе се одржи Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид” организиран од охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос”.

Покрај членовите на охридскиот хор, под диригентската палка на Бурим Хидри и детскиот мултиетнички хор, учествуваат хористите од камерниот хор „Арс Нова” од Питешти, Романија, хорот „Атендите” при Културниот центар Кикинда од Србија и женскиот младински хор при МКЦ Скопје.

 Почетокот на фестивалот е во 19:30 часот, а влезот ќе биде слободен.

 Охрискиот градски хор лани одбележа 55 години постоење. Од 2015 година го носи името „Вокс Лихнидос” и е успешно предводен од диригентот Бурим Хидри.