Skip to main content

Најмалку 31 жртва во авионска несреќа на Филипини

Бројот на загинатите во падот на воен авион на југозападот на Филипини се искачи на 31, пренесува информативниот портал Rappler повикувајќи се на филипинските вооружени сили.

 |   | 

Според податоците на филипинската војска, во падот на авионот загинале 29 воени лица и двајца цивили. Уште 50 лица кои се превезувале со авионот и четири цивили се повредени во несреќата.

Засега уште 17 војници се водат како исчезнати. Војниците, кои се превезувале со авионот, според првичните информации, биле регрути.

Филипинските власти започнаа истрага за утврдување на причините на падот на транспортниот авион од тип „C-130“ на филипинските воздухопловни сили кој се урна при обидот да слета на островот Холо во провинцијата Сулу.